Претседателот на Собранието, Африм Гаши на службениот мејл добил закани по живот

Во мејлот имало заканувачка содржина, во која се вели дека ќе влезат во Собранието и ќе „има бесење“ на сите што се за Бугарите ако се усвојат уставните измени, објави порталот 360 степени.

„Уставни измени никогаш, никогаш, никогаш да има, ќе има бесење и колење и убивање на сè бугарско, фашистичко. Тие се фашисти и нивното место е на бесилка, да се лекуваат од болеста што ја имаат. Само пробајте, ќе ви влеземе во Собрание и ќе ве убиеме вас ш*****ски к*чиња кои сте за Бугарите, само смрт“, стоело во електронската порака испратена на службениот мејл.

Заканите се пријавени во полиција.

 

4news.mk