Денеска (18.06.), претставници на Амбасадата на Сојузна Република Германија го посетија Граничниот премин „Ќафасан“, каде што, меѓу другото имаа средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад на која што, покрај низа теми од граничното работење, се разговараше и околу работата на заедничките контакт центри со соседна Албанија, особено од аспект на нивната материјално-техничката опременост.
Дополнително, посебен акцент беше ставен на понатамошната соработка и поддршка, како во делот на спроведување на потребни обуки за полициските службеници од граничната полиција, така и за можностите за натамошна соработка во рамки на програмата на ЕУ за поддршка на работата на заедничките контакт центри.
Претставниците на Германската амбасада во нашата земја воедно ги презентираа дел од проектите кои ги води амбасадата на Сојузна Република Германија, а се однесуваат на натамошно унапредување на севкупното функционирање на граничната полиција во нејзиното секојдневно работење. Од страна на пак на раководството на РЦ за ГР Запад гостите беа запознаени со тековните надлежности и активности на оваа организациона единица при МВР.