Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, инфомрираат од МВР.
Related Posts
ДЗСИ: Нема недостатоци при лекувањето на Јана
Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение…
EУ најавува нов услов за Македонија,кој ќе трае две години
Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека Македонија ќе треба да помине уште една рунда објаснувачки скрининг за ЕУ…
ДВ ексклузивно: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор
ДВ дојде до двата документи кои се понудени од Франција како решение за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија:…