Пролетен распуст нема да има – а покачување на платите во образование во март

Новата учебна година ќе почне на 2ри септември и пролетен распуст нема да има.

Ова го објави лично министерката за образование Весна Јаневска, која кажа дека анкетите покажале дека учениците и родителите не сакаат пролетен распуст и дека за нив тоа е поголем проблем, отколку придобивка.

За жал и оваа учебна години ќе има проблем со наставниот материјал. Учениците од 7мо одделение ќе учат од учебници напишани по старата програма. Причина – новите се уште се на јавна расправа.

Недоставуваат учебници и за странски јазици од 1во до 9то одделение, за кои Јаневска уверува дека ќе бидат готови идната година. Дел пак од учебниците за стручните средни школи во моментов се печатат, а ќе се дистрибуираат постепено во текот на учебната година.

-Децата губеле континуитет, родителите нема каде да ги остават помалите дечиња, не им се поклопува со одредени празници за да може заеднички да ги искористат, сметаат дека е повеќе комликација отколку поволност и во тој правец ние одлучивме оваа година да се одвива учебната година од 2ри септември до 10ти јуни за сите освен матурантите, изјави -Весна Јаневска – министерка за образование.

Откако од СОНК пред изборите побараа усогласување на платите на вработените во образование согласно зголемувањето на минималецот, Министерката Јаневска посочи дека остварила две средби со синдикатот, но и поединечни средби со наставници, на кои им објаснила дека поради долговите на Министерството покачувањето ќе го добијат во март.

– Направени се сериозни разговори во Владата и со Министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според Колективниот договор ќе добијат покачување од 10 до 12%,- изјави -Весна Јаневска – министерка за образование.

Дополнително од СОНК побараа и потпишување на нов колективен договор за основно и средно образование за што Јаневска уверува дека ќе се потпише до крајот на нејзиниот мандат.

извор: Канал 5