Протест на семејствата на загинатите во Кочани против концертот за Петровден

Вечерта на 11 јули во Кочани се одржа протест организиран од семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Протестот беше насочен против најавениот концерт по повод Петровден, што семејствата го оценија како непримерен во време на тага и незавршена правда.

На протестот се појави и в.д. градоначалникот Венко Крстевски, кој соопшти дека Општината одлучила да го откаже настанот.

Но и покрај тоа, беше дочекан со негодување и исвиркувања, додека дел од присутните му го свртеа грбот. Подоцна вечерта, Крстевски објави дека одлуката била променета „водејќи се од емоциите на граѓаните“, признавајќи дека болката сè уште длабоко го ранува градот.

 

 

 

4news.mk