Рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нарендра Моди и други лидери од Шангајската организација за соработка (ШОС) присуствуваат на дводневен самит во Кина, каде што Си Џинпинг ќе има за цел да ја усоврши својата визија за алтернативен светски поредок.
Повеќе од 20 лидери се собираат во северниот пристанишен град Тјанџин од 31 август до 1 септември, додека Кина е домаќин на годишниот самит на блокот за да разговараат за прашања поврзани со регионалната безбедност и трговијата во услови на зголемени тензии со Западот.
Самитот е исто така можност Кина да се прикаже како лидер на Глобалниот Југ, додека истовремено ја свикува една од најголемите регионални организации во светот, која сочинува окол уу една четвртина од глобалниот БДП и приближно половина од нејзиното население.
Ова се приказните што треба да се следат на овогодинешниот самит.
1.Уште една епизода од „Шоуто на Путин и Си“
По серијата дипломатски разговори околу војната во Украина, вклучително и самитот со американскиот претседател Доналд Трамп,сите очи ќе бидат насочени кон Путин додека се среќава со кинескиот лидер.
„ШОС стана нешто како шоу Путин-Си“, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ/РЛ) соработникот во центарот Карнеги Русија-Евроазија во Берлин, Темур Умаров.
„Помалку се работи за самиот самит, а повеќе за состаноците на маргините,“ вели тој.
slobodnaevropa.mk




