Во шумите на Палупуа, Западна Суматра, снимен е најголемиот цвет во светот, рафлезијата арнолди, кој целосно расцветан достигнува дијаметар од еден метар, јавува Анадолу.
Овој редок и загрозен вид цвет испушта мирис сличен на расипано месо, привлекувајќи инсекти како муви и бубачки што се хранат со мртво месо, а тие, пак, го опрашуваат цветот и помагаат во неговото размножување низ дождовните шуми на Борнео.
Рафлезијата арнолди е исклучително уникатен бидејќи нема лисја, стебло или корени и живее како паразит на лозите од родот тетрастигма.
Овој цвет се развива внатре во лозите, апсорбирајќи вода и хранливи материи од домаќинот, при што се појавува како кафеава пупка.
По неколкудневно расцветување, цветот со пет лобуси и специфична црвено-кафеава боја со бели точки ослободува мирис на распаѓање, со цел да привлече опрашувачи.
Целосниот циклус на појавување трае околу една недела, што ја прави оваа појава ретка и фасцинантна.
Рафлезијата арнолди е во опасност од изумирање поради сè поголемото уништување на шумите во регионот.
Нејзините специфични потреби за животен простор се причина што овој цвет речиси не може да се одгледува во ботанички градини.
Научниците и екологистите се надеваат дека со зачувувањето на шумите во Индонезија ќе се обезбеди опстанок за овој единствен вид што претставува биолошко чудо.