Во тек е рехабилитација на обиколницата во Крива Паланка, дел од државниот пат кој се надоврзува на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и претставува важна алка од меѓународниот транспортен правец Коридор 8.
Обиколницата има стратешко значење бидејќи обезбедува директна поврзаност со граничниот премин Деве Баир, кој е главна сообраќајна врска меѓу Северна Македонија и Бугарија. Со нејзината рехабилитација се очекува подобрување на безбедноста во сообраќајот, зголемување на проточноста и олеснување на транспортот на стоки и патници.
Од надлежните институции посочуваат дека со оваа инвестиција се зајакнува регионалната поврзаност и економската соработка меѓу двете држави, а воедно се подобруваат условите за локалното население и стопанството.
Рехабилитацијата на обиколницата во Крива Паланка е дел од поширокиот циклус капитални инфраструктурни проекти, со кои државата продолжува да инвестира во модернизација на патната мрежа и унапредување на транспортната инфраструктура.




