Соединетите Американски Држави (САД) испратија 11 јеменски притвореници од својот притворен центар во заливот Гвантанамо, Куба, во Оман, објави Пентагон, пренесува Анадолу.
„САД ја ценат подготвеноста на Владата на Оман и другите партнери за поддршка на тековните напори на САД фокусирани на одговорно намалување на бројот на притвореници и на крајот затворање на објектот во Гвантанамо“, се вели во соопштението.
Во 2023 година, секретарот за одбрана, Лојд Остин, го извести Конгресот за неговата намера да ја поддржи оваа репатријација.
Според соопштението, 15 притвореници, од кои тројца се подобни за трансфер, остануваат во заливот Гвантанамо.