Силен земјотрес со јачина од 5,9 степен во близина на грчкиот остров Касос

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степен според Рихтеровата скала погоди област во морето, 20 километри југозападно од грчкиот остров Касос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот е регистриран на длабочина од 64,4 километри, објавува „Катимерини“.

Досега нема извештаи за повредени или големи материјални штети, а сведоци од Крит и околните острови наведуваат дека земјотресот бил почувствуван, но без сериозни последици.