Соборен американски авион, убиен француски војник во Ирак – се шират последиците од војната во Иран

Голем американски авион за полнење гориво се урна во Ирак по очигледен судир со друг авион, а француски војник бил убиен во регионот Курдистан во земјата, додека двенеделната американско-израелска војна против Иран продолжи да се прелева преку регионалните граници.

Централната команда на САД, која е одговорна за американските сили на Блискиот Исток, доцна на 12 март соопшти дека авион за полнење гориво KC-135 се урнал во западен Ирак, што предизвика голема операција за спасување од страна на американската војска.

Во соопштението се вели дека несреќата не е резултат на непријателски или пријателски оган и дека вклучувала уште еден авион за полнење гориво.

Вториот авион безбедно слета во Израел, соопштија официјални лица.

„Инцидентот се случил во пријателски воздушен простор за време на операцијата „Епски бес“, соопшти Централната команда, користејќи го военото име на американската операција против Иран.

Американски функционер, зборувајќи за Ројтерс под услов да остане анонимен, рече дека во авионот KC-135 што се урнал имало шест војници. Судбината на екипажот засега е непозната.

KC-135 е најупотребуван модел во мисиите за полнење гориво од воздух на американската војска, дозволувајќи им на другите авиони да извршуваат мисии без да мора да слетуваат.

На 2 март, американските воени претставници изјавија дека три борбени авиони Ф-15 се урнале во Кувајт, откако биле погодени од пријателски оган од кувајтската воздушна одбрана.

Зошто островот Харг е клучен за извозот на нафта од Иран?

 

 

slobodnaevropa.mk