Министерот за земјоделство Љупчо Николовски му го честита бракот на својот колега министерот Благој Бочварски.
Објавена е и фотографија на која се наоѓаат тој, неговата сопруга, заедно со министерот Бочварски и сопругата.
„Среќен брак Маринела и Благоj“, се вели во објавата на Николовски.
Во меѓувреме, осамна уште една фотографија од синоќа од хотелот Александар Палас, на која се сликани неколку дами, меѓу кои и вицепремиерката Славица Грковска, како и министерките Славјанка Петровска и Јована Тренчевска, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.
Не се знае за која веселба станува збор.
faktor.mk