Авион мораше да слета поради тепачки меѓу патниците. Во Австралија, авионот кој летал од Кернс до Дарвин морал двапати принудно да слета. При тепачка патниците го скршиле прозорецот.
За ова се обвинети четворица патници. По првата тепачка, авионот принудно слетал во Кернс, каде една жена е приведена поради сомневање дека ги нападнала патниците и не ги почитувала безбедносните упатства. Авионот потоа полетал, но групата луѓе кои учествувале во првиот конфликт не се смирила, што довело до уште една тепачка во која еден од патниците со шише го скршил прозорецот на авионот, пишува Дејли Мејл. Поради паниката која завладеала во авионот, тој повторно принудно слетал, овој пат во Аљангула, каде патниците ги пречекала полицијата. Полицајците уапсија три лица.
faktor.mk