„Топ чанел“: Спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија се пренесува и во Албанија

Спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија се пренесува и во Албанија. Битката е за етничката припадност на малцинството што живее во областите Голобордо и Гора и барањето за нови општини во двете области, пренесува „Топ чанел“.

Телевизијата ги пренесува ставовите на Васил Стерјовски, претседател на друштвото „Сонце“ и Рази Рама претседател на друштвото „Голобордо“.

– Очекуваме на македонското малцинство да му се додадат уште две општини покрај општина Пустец, која сакаме да го смениме името во општина Преспа. Бараме општина Гора во округот Кукс и општина Голобордо во округот Пешкопеја, бидејќи сметаме дека реформата од 2014 година во овие области пропадна зашто македонската заедница немаше никаква застапеност, вели Стерјовски.

Слично барање, додава телевизијата, имаат и претставниците на бугарското малцинство, чие друштво „Голобордо“ испратило барање до Комисијата за територијална реформа.

-Идентитетот на културната и традиционалната заедница од областа Голобордо е некомпатибилен со другите области од општините Булќиза и Либражд. Во оваа смисла бараме областа Голобордо со трите административни единици Острени, Стеблево и Требиште да биде посебна општина со името општина Голобордо, изјави Рама.

 

fokus.mk