Со ова стрелиште обезбедуваме безбедни, контролирани и стандардизирани услови за балистички испитувања на мало и лесно оружје, во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Тоа значи попрецизни анализи, посигурни докази и поцврсти случаи пред судските органи.
Овој капацитет е и центар за обука, каде нашиот стручен кадар континуирано ќе ги унапредува своите знаења и вештини. Прецизната форензика директно ја зголемува довербата на граѓаните во истрагите и во институциите.
Свесни сме дека нелегалното оружје и понатаму претставува сериозна закана по безбедноста. Затоа вложуваме во модерна опрема, знаење и партнерства кои носат конкретни резултати.
Благодарност до УНДП и на меѓународните партнери за поддршката. Ова е уште еден чекор кон посилна, поефикасна и професионална полиција – во служба на безбедноста на граѓаните.
Исто така, посебна благодарност до УНДП и за поддршката што ни ја даваат во континуитет во имплементацијата на проектот “Безбеден град”.


