Трамп вели дека неговиот претставник би можел да ја посети Русија оваа недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија на 6 или 7 август – последните денови пред новиот рок за Русија да преземе чекори за прекин на војната или да се соочи со санкции насочени кон нејзиниот извоз на нафта.

Трамп претходно изјави дека ќе го испрати Виткоф во Москва по неговото патување во Израел, но не наведе конкретен распоред.

Во разговор со новинарите на 3 август, Трамп повторно предупреди дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во војната во Украина до 8 август.

„Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите“, рече Трамп.

„Тие се лукави ликови и се доста добри во избегнувањето на санкциите, па ќе видиме што ќе се случи“, рече американскиот претседател.

 

 

 

slobodnaevropa.mk