Трамп ја поздрави „историската зора“ на Блискиот Исток и повика на фокус кон Русија

Пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток означува нешто што може да биде пресвртница во дипломатијата во регионот. Но, дали тој успех ќе го обнови притисокот за прекин на војната на Русија против Украина?

Американскиот лидер одржа говор во израелскиот парламент (Кнесет), по што ќе биде копретседател на самит во Египет на кој ќе присуствуваат лидерите на повеќе од 20 земји, со цел финализирање на трајно примирје во Газа.

Трамп прогласи „историска зора“ на Блискиот Исток и вети дека ќе се фокусира на мировните договори што ги вклучуваат Иран и Русија.

Трамп рече дека прекинот на огнот во војната во Газа го означи „историскиот почеток на новиот Блиски Исток“.

„Ова не е само крај на војната. Ова е историски почеток на нов Блиски Исток“, рече Трамп во говорот во Кнесетот.

Тој го нарече договорот што доведе до прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците што ги држеше Хамас триумф, заблагодарувајќи им се на медијаторите од арапскиот и муслиманскиот свет.

„Имавме многу помош. Неверојатен триумф е за Израел и светот што сите овие нации работат заедно како партнери во мир“, додаде Трамп.

Тој се обрати во Кнесетот пред да отпатува во египетскиот Шарм ел Шеик на самит на светските лидери за завршување на војната во Газа.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk