Транспортот прв на удар, последици и за другите компании по воената операција врз Иран

Македонија како увозно зависна економија е изложена на ризик од инфлаторни притисоци, бидејќи цената на нафтата е вградена во речиси сите добра и услуги. Законот предвидува да мора да има обезбедена нафта од 40 до 90 дена и тоа е исполнето, соопшти претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. ЕУ побара од земјите – членки да ги споделат проценките за безбедноста на снабдувањето со нафта. Првиот ризик за пазарите е неизвесноста околу тоа што ќе се случи следно во Иран.

Транспортниот сектор ќе биде прв на удар од раст на цената на нафтата, а тоа ќе влијае и на вкупната економија во Северна Македонија, велат економски експерти за Радио Слободна Европа (РСЕ) откако Соединетите Американски Држави (САД) почнаа „голема борбена операција“, во координација со израелските сили, на 28 февруари, ставајќи го Блискиот Исток на раб на ескалација.

И Европската унија (ЕУ) денеска побара од земјите – членки да ги споделат проценките за безбедноста на снабдувањето со нафта до крајот на денот. ЕУ разгледува и опција да свика ад-хок состанок на својата координативна група за нафта подоцна оваа недела, јавува новинската агенција Ројтерс.

 

slobodnaevropa.mk