Трилатерални разговори меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби

Украина, Русија и САД треба да одржат трилатерален состанок во Абу Даби во петок, 23 јануари што ќе биде првпат трите земји да се сретнат на иста маса од руската инвазија во 2022 година.

Средбата беше потврдена во раните утрински часови во петок, по разговорите во Кремљ меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претставник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, им рече на новинарите дека разговорите биле „корисни во секој поглед“, додавајќи дека „било договорено првиот состанок на трилатералната работна група за безбедносни прашања да се одржи денеска во Абу Даби“.

Целосните детали за разговорите во Обединетите Арапски Емирати не се објавени, ниту е јасно дали руските и украинските претставници ќе се сретнат лице в лице.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите ќе траат два дена.

 

 

 

slobodnaevropa.mk