Вкупно 58 пациенти ќе добијат компресивна облека за третман на лузните здобиени во пожарот во Кочани, додека повредените чекаат да почнат да се рехабилитираат во одморалиштето на Пониква. Денеска навршуваат три месеци од пожарот кој одзеде 62 животи, а речиси 200, главно млади, беа повредени.
„Психички добро се чувствувам. Физички уште малку, па добро ќе биде и физички. Само споро е тоа“, вели штипјанецот Александар Авукатов, еден од повредените во пожарот во Кочани кој избувна на 16 март годинава.
Александар оди на физикална терапија во својот град, откако претходно бил на лекување во Пловдив. Токму бугарските лекари и нему и на другите пациенти им дале инструкции како да се грижат за себе, да се заштитат од сонцето и да закрепнат кондиционо.
Лекување со донации
Тој е еден од педесет и осумтемина кои ќе добијат компресивна облека, а сега како што раскажува, на себе има импровизација препорачана од болницата во Пловдив.
„Ова е тешко лекување и има доста трошоци“, изјави Александар за дел од медиумите.
slobodnaevropa.mk