Ужас во Панчево: Ја врзал девојката за кревет и ѝ истурил киселина врз очите

Основното јавно обвинителство Панчево во соработка со СВ Панчево го лиши од слобода З.К.(53) од Врање и му одреди мерка притвор во траење од 48 часа, пренесуваат српските медиуми.

Според ОЈО, тој е приведен поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела лесна телесна повреда, изложување на опасност и противправно лишување од слобода. Тој неколку часа ја држел врзана за кревет својата емотивна партнерка Н.С.(49) од Панчево, а потоа и истурил солна киселина во очите, поради што била олднесена во болница во Панчево, каде што и биле констатирани повреди.

З.К ќе биде приведен кај дежурниот заменик на ОЈО Панчево и сослушан како осомничен.