Утре попладне и ноќта кон среда врнежи од снег во најголем дел од Македонија!

Под влијание на ладен и влажен бран од север, повторно во текот на утрешното попладне (вторник 18 февруари), и ноќта кон среда (19 февруари) во најголем дел од нашата Република Македонија ќе има врнежи од снег со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снежната покривка на повисоките места , планините и на Скијачките центри ќе се зголеми и дополнително ќе се прошири, а мала снежна покривка ќе се формира  и во градовите.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен во Повардарието (до околу или над 60 км/час).

И во Скопскиот регион утре (18 февруари вторник) попладне  и ноќта кон среда ќе има послаби врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината до околу 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени., Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 5 степени. Да напоменам дека во доцните поопладневни часови и ноќта кон среда ќе имаме понатамошно дополнително заладување на времето, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk