Учениците и наставникот се вратија од Турција, сеуште се во шок од преживеаниот земјотрес

Шкмбр Беџети од Тетово е 17-годишен ученик кој утринава заедно со неговите соученици и наставникот се вратија од Турција каде преку преку „Еразмус програмата“ престојуваше во неколкудневна посета на Кахраманмараш, град кој беше разурнат од катастрофалниот земјотрес.

Шкмбр се уште е под голем стрес и паника и на сака да комуницира со медиуми, раскажува неговиот тако Ајет Беџети.

-Сликите од катастрофата се уште му се во мислите. Нема повреди, можеби некои гребнатини на главата од стаклото од прозорците кои се скршиле и паднале кога удрил земјотресот, вели таткото.

Задоволен сум од турската амбасада која успеа без никакви проблеми да ни ги донесе децата дома, кои кога се случил земјотресот биле евакуирани од Кахраманмараш на безбедно место, додава тој,

„Децата се во паника од тоа што го преживеале. Тој нема некои повреди нешто мала повреда има на главата, но тоа е речиси ништо, но најголем поблем е што се` уште е под голем стрес и е во голема паника. По земјотресот ние родителите меѓу себе контактиравме, па потоа контактиравме со турската амбасада од каде ни кажаа каква е ситуацијата со здравјето на децата. Таму им пружиле помош и луѓето од Кахраманмараш кога виделе дека децата не се од тука, па потоа нашата амбасада помогнала, вели Ајет Беџети.

Кога се случил земјотресот Ајет не спиел. Неговиот помал син имал температура. Ајет бил вклучен на социјалните мрежи, кои за неколку минути биле преплавени со вести за катастрофата.

„Во тие моменти не успеав да се слушнам со синот, меѓу себе родителите контактиравме и потоа дознавме дека се добри, дека заминале од ризичниот терен, ние не можевме да контактираме со нив, телефоните празни им биле“, вели Ајет.

Учениците синоќа тргнале за Македонија. Се работи за 8 ученици од Тетово и Маврово – Ростуше и еден ментор наставник од Тетово.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вели дека е во контакт со родителите на учениците.

„Ние веќе сме во контакт ќе ги викнам да се видиме на лице место и кои се потребите и со што можеме да им помогнеме како општина, во текот на денот ќе видиме каква е ситуацијата. Тројца се од Тетово, двајца се ученици и има еден наставник од Тетово, вели Касами.

 

slobodenpecat.mk