Откако новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран и криминал и корупција, Ислам Абази се појави за прв пат во јавноста и порача дека ќе работи професионално и дека нема никаква врска со ДУИ, на интернет почнаа да се шират фотографии на кои Ислам Абази е сликан токму со функционери на оваа партија, објави fokus.mk.
На една од фотографиите којашто ја доби „Фокус“ се гледа Абази сликан со поранешниот градоначалник на Гостивар и долгогодишен член на ДУИ, Невзат Бејта.
На фотографијата се гледа новоизбраниот шеф, Бејта и уште две друи лица сликани покрај споменик.
Бејта во изјава пак за „Фокус“ вели дека го познава новиот раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но објаснува дека сликата е направена пред околу десетина година, најверојатно на Кораб.
Текстот во целост на:fokus.mk.