Претседателката на Европската Kомисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се соочи со нови обиди да биде отстранета по втор пат за три месеци, кога екстремно десничарските и левичарските групи во Европскиот парламент ќе поднесат предлози за гласање недоверба неделава.
Иако предлозите за недоверба речиси и да немаат шанси да го достигнат двотретинското мнозинство гласови потребни за соборување на Фон дер Лајен, тие би можеле да разоткријат поопшто незадоволство околу нејзиното водство и да го дестабилизираат собранието на ЕУ, чија поддршка е потребна за донесување закони.
Предлозите треба да бидат предложени на 6 октомври од крајната десница и екстремната левица на Франција, односно од Џордан Бардела, претседател на Националниот собир и Манон Обри од „Непокорена Франција“ – по што ќе следува одбраната на Фон дер Лајен.
Гласањето треба да се одржи во четврток, 9 октомври.
За Фон дер Лајен ова не е ново искуство. Таа, исто така, се соочи со гласање за недоверба во јули од претежно крајно десничарски пратеници, кое таа удобно го „преживеа“.
slobodnaevropa.mk




