Пејачката Теа Таировиќ денеска се мажи за својот вереник Иван, а прославата ја одржуваат на фарма во близина на Нови Сад.
Со оглед на тоа што Теа сакала интимна церемонија на која ќе бидат присутни само семејството и пријателите, таа го сведе бројот на гости на минимум, а од колегите ги покани само Барбара Бобак и Сања Вучиќ, објави Телеграф.
Според медиумите, пејачката потрошила 30.000 евра само за украсување за да се погрижи сѐ да биде како што замислила.
Теа и Иван ќе се заколнат на вечна љубов под белата купола со балдахин. Кога станува збор за гостите, за нив е резервирано место на бели столчиња и целата церемонија ќе се одржи во градината на фармата. Украсен е и внатрешниот дел од салата и по свечениот дел, гостите таму ќе ја продолжат прославата.
Теа Таировиќ ќе продолжи да го користи своето моминско презиме за јавноста, а ќе го земе презимето на сопругот и ќе ги потпише сите официјални документи користејќи го неговото презиме.
Младенците денеска пристигнале на фармата, обидувајќи се тајно да влезат во имотот. Обезбедувањето го опколило целото место за да гарантира приватност за младенците и гостите.
Пејачката наводно за венчавката ќе плати околу 100.000 евра, а само за венчаницата која доаѓа од Париз потрошила 18.000 евра.
Многумина прашуваат дали е случајност или пејачката сакала да искомбинира два посебни дена, бидејќи задутре на 26 април ѝ е роденден, па прославата ја спои и за свадбата и за роденденот.
kanal5.com