(ФОТО) Денешниот празник одбележан во манастирот Св. Наум на Попова Шапка

Денес, кога Црквата го слави празникот на Свети Наум Охридски, во неговиот манастир на Попова Шапка, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Епископот Стобиски г. Јаков, отслужи Света Божествена Литургија.
На литугриското собрание Епископот Јаков одржа празнична беседа.
На Литургијата присуствуваше голем број верен народ, кој се причести со светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, архиереите заедно со свештенството ги благословија славските дарови.
На богослужбата, присуствуваше и Претседателот на Владата на Р. Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски.