Секси баба опседната со фитнес добива повеќе внимание од спротивниот пол отколку нејзината внука. Лесли Максвел (66) од Мелбурн на Инстаграм објавува разголени фотографии, најмногу од теретаната во која сака да оди со внуката Тиа, која признава дека баба и е вистинска конкуренција кога се во прашање мажите.
„Бидејќи изгледа толку феноменално за нејзините години, на мажите им е доста интересна“, рекла Тиа.
View this post on Instagram
– Дури и 18-годишни момчиња контактираат со мене, што е навистина смешно. Понекогаш се доста експлицитни, па ми испраќаат слики од нивните пениси. Сето тоа го сфаќам како комплименти, одлично е што дури сум им интересна – вели Лесли.
И додека внуката Тиа се радува на својата баба и вниманието што го добива на Инстаграм, ќерката на Лесли, Ванеса, која не ја интересира фитнесот, не е толку среќна поради објавите на нејзината мајка за голотија на социјалната мрежа.
– Сè уште е мајка ми, не е ќерка што е тинејџерка или нешто слично. Не сакам да се промени, туку само малку да го ’намалам искуството’ – вели Ванеса.
Лесли, пак, своите објави на Инстаграм ги смета за дел од својата работа.
– Многу ме интересира фитнесот и секогаш сум во теретана во оскудна облека, но и се натпреварувам, па навикната сум да бидам на сцена во минијатурни бикини. Немам проблем да прикажувам такви фотографии. Не се срамам од моето тело. Морам да бидам производ на она во што верувам. Не сакам да се покривам и ако сакам да го покажам своето тело, ќе го покажам. Зошто да бидете стари и болни ако не морате, зошто да не бидете „на врвот на светот“ – заклучила Лесли.
24sata.hr