Бети Котовчевска од Ресен, позната и како ледената Македонка Бетика, си го исполни сонот и се качи на Алпите во Франција, со експедиција организирана од Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар кој во светот е познат како Ледениот човек (The Iceman).
Експедицијата ја предводеше неговиот инструктор Леандре, познат како Леденото момче (Iceboy).
Откако вчера (05.02) Бетика го заврши екстремниот предизвик и стигна до целта, го развиори македонското знаме.
Таа објави и неколку фотографии и видеа на својот Инстаграм.
-Радувај се Македонијо, Бетика штотуку ги искачи алпите во шорц,исто така Бетика беше најмладата личност на ова експедиција!🥹
Каков прекрасен ден да веруваме во себе си,да веруваме во нашиот потенцијал и сила, да се истражуваме себе си и да ги рушиме сите граници !
Вечно благодарна!
Денес само си ја гушнав најсилно мојата мала Бети, и реков: we did it Queen !!!!🤍
View this post on Instagram
Поврзани вести:
(ВИДЕО) Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер
(ВИДЕО) Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер
https://news1.mk/archives/100482