Нутриционистката Бети Котовчевска на многумина им е позната како Бетика, ледената Македонка, затоа што ужива да се бања во ледени води. Студот не ѝ може ништо, па влегувала во вода и на -34 степени Целзиусови.
Овој пат со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бетика, ледената Македонка објави видео како се бања во водите на Ротинско Езеро, во пазувите на Пелистер.
View this post on Instagram
Минатата година нѐ изненади кога објави видео како се капе во ледена вода во Лапонија, а годинава покажа дека и кај нас има студени води, што досега таа не ги искусила.
Таа викендов објави кратко видео на кое се капе во Ротинското Езеро, кое се наоѓа во близина на битолското село Ротино, во пазувите на националниот парк „Пелистер“.
„За првпат во Македонија искусувам вода од 1 степен Целзиусов“ – напиша Бетика, а во коментарите доби голем број пофални зборови и коментари.
Дополнително видео:
View this post on Instagram