(ВИДЕО) Пет лица се убиени, а 18 се повредени во пукање во геј клуб во Колорадо Спрингс

0
181

Пет лица се убиени, а 18 се повредени во пукање во геј клуб во американскиот град Колорадо Спрингс.

Полицијата во Колорадо Спрингс објави на Твитер дека во 8 часот по локално време ќе има прес-конференција за пукањето во „Клуб Кју”, пренесе ДПА.

Клубот Кју, каде што се случи инцидентот, се рекламира како „ноќен клуб ориентиран кон хомосексуалци и возрасни. Во него се одржуваат тематски вечери со караоке и диџеи.

Видео: TWITTER