Во центарот на Доха отворен ФИФА фан-клуб

0
225

Во паркот „Ал Бида“ во центарот на Доха вчера беше отворен ФИФА Фан-фестивал, на кој во следните 28 дена навивачите од целиот свет ќе можат да ги следат натпреварите во живо и да уживаат во музичките и забавни програми, известува Агенција Анадолија (АА).

Местото на одржувањето на Фестивалот се наоѓа меѓу областа Вест Беј и пазарот Сук Вакиф.

ФИФА-фестивалот за навивачите ќе биде отворен секој ден од првенството и влезот на Фестивалот ќе биде слободен за сите.

Вкупно 32 репрезентации ќе се натпреваруваат на еден од најголемите спортски настани на светот. Претстојното Светско фудбалско првенство започнува денес, 20 ноември, и ќе трае до 18 декември. Отворањето на првенството ќе го направат селекциите на домаќинот Катар и репрезентацијата на Еквадор. Натпреварот започнува во 17:00 часот.

Извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).