Пеш од Белград до Атина, Велигден го помина во Македонија, пејачот Никола Роквиќ со успешна хумана мисија

Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде тој ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.

Голем празник Велигден го помина со семејството во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе, една од најпопуларните фотографии е токму онаа со семејството, направена во цркавата Св. Архангел Михаил во Штип.

Целта на Роквиќ е да собере средства за детското онколошко одделение. Според информациите кои вчера ги објави пејачот досега се собрани повеќе од 120 илјади евра.

„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, напиша Никола.

 

skopjeinfo.mk