Убавото пролетно време уште денес, потоа следува период на дожд

0
47

Денес во Македонија ќе имаме вистинско пролетно и сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено утре. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време.

Од среда попладне ни следува нова голема промена на времето, и тоа поради влијание на циклон од Медитеранот. Детална анализа околу ова следува во следните наши метео објави, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk