Професорот Игор Јанев, коментирајќи ги последните случувања на релација Грција-Македонија коментира дека Договорот од Преспa не може да се менува, модифицира, ревидира, или укинува по редовен пат туку може едноставно да се раскине, објави Република.
Според членот 53 од Виенската конвенција истиот може еднострано да се раскине, бидејќи е склучен со кршење на највисоките перемторни норми на меѓународното право-објаснува професорот од Белград.
Тој обаснува дека кога доспозитивното право или пишан акт е во колизија со имепративното право ius cogens, а ова е очигледно случај бидејќи договорот од Преспа е асимилаторскиот и негатоскиот акт, тогаш по основ кршење овие права, како и перемторна норма на самоопределување на народот, истиот акт (договор/спогодба) е ништовна од моментот на склучување!
Повикуваќи се на овој член 53, во раскидната нота до Грција (и известување за овој раскид до ООН, ние еднострано можеме да ја раскинеме спогодбата со Грција. Ваков акт е посилен од домашните акти и постапки, како меѓународен акт, и на истиот не влијае домашното право, ниту е предмет на домашното укинување (во кое било домашано тело или орган)-објаснува Јанев.