Д-р Кедев не запира: Го освои и четвртиот највисок врв во светот!

Познатиот македонски кардиолог и алпинист, д-р Сашко Кедев се искачи на Лоце (8.516 метри), четвртиот највисок врв во светот. Со овој подвиг, тој до сега освои десет од 14 највисоки врвови во светот, над 8.000 метри. Пред само десет дена д-р Кедев се искачи и на Макалу висок 8.463 метри. Следна цел на д-р Кедев е врвот Кенечунга, висок 8.586 метри.

За овој алпинистички успех, извести и Имаџин Непал, водечки оператор во трекинг и искачување на врвови во Непал, кои на Фејсбук му честитаа на д-р Кедев за искачувањето и ги навестија неговите идни планови.

Сакаме да му честитаме на нашиот пријател д-р Сашко Кедев од Македонија за успешното искачување на четвртата највисока планина во светот на 13 мај 2024 година во 7:33 часот NPT. За д-р Сашко, Лоце е неговиот втор врв од 8000 метри за оваа сезона. На 5 мај 2024 година, тој стигна до врвот Макалу со уште тројца меѓународни планинари и четворица шерпаси од Imagine Nepal. Вклучувајќи го и врвот Лоце, д-р Сашко освои 10 од 14-те највисоки врвови во светот. Неговиот следен потег е кон третиот највисок врв Канченџунга, напишаа од Имаџин Непал.