Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

0
137

Еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари во изјава за Радио Телевизија Косово, најави дека Албанците ќе имаат шест министри во идната влада, и дека ќе ја добијат функцијата претседател на Собранието.

Во интервјуто за РТК, Таравари кажа дека министрите од колаицијата, како и другите функционери ќе бидат соодветни за функциите и експерти во својата област. Потенцираше дека конституирањето на Собранието ќе се случи на крајот на овој месец, а очекува идната влада да биде формирана на почетокот на јуни.

„До крајот на следната недела ќе ги имаме кадровските решенија и владината програма. По конституирањето на Собранието, претседателот ќе го додели мандатот, и очекувам во првата половина на јуни да имаме нова Влада“, изјави Таравари.