Низа лекарски пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина

Направен е пропуст во начинот на лекувањето на 14 месечното бебе кое почина минатиот викенд, објави Канал 5.
Направени се системски, технички и стручни лекарски пропусти, изјави министерот за здравство Арбен Таравари за случајот со починатото бебе на клиниката за детски болести. Причина за смртта е не навременото поставување на детето на апарат за дишење. Пропуст е направен при вториот преглед извршен на 3 октомоври во клиниката за детски болести кога не било детето хоспитализирано, а во болницата Козле констатирана е неадевкватна и навремена проценска за тежината за респираторни потешкотии.

Докторите кои биле дел од извештајот на комисијата велат дека во болницата Козле немало соодветна опрема за интубација а исто така утврден и е пропуст со болничкиот превоз.

За случајот со 31-годишната родилка од Куманово која на 27 септември почина при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово, комисијата не утврдила неправилности ниту при третманот на бременоста, ниту при породувањето. Извештајот од комисијата ќе биде испратген во двете болници и до етичката комисија во лекарската комора. Таравари по разгледувањето на извештајот очекува да превземат сериозни мерки. Тој потенцира дека со овој случај се покажува дефицитот на стурчен кадар и опрема во интензивните лекувања.

извор:Канал 5