Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот

Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со полседиците од светската економска и енергетска криза, порача секретарот за меѓунардона соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во гостување на Телевизија 21.

Маричиќ истакна дека Владата покажала подготвеност и капацитетност за надминување на последиците предизвикани од глобалната економска криза.

„Владата прави се за ублажување на последиците од светската економска и енергетска криза. Ние и во тие услови на криза успеавме да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари, имавме успешни преговори за зголемување на платите во одредени сектори. Секако дека ќе продолжиме со справување со последиците, усвоивме ребаланс на Буџетот со кој правиме сериозни заштеди, кој ќе ги пренасочиме кон она што е најпотребно за да ја дочекаме зимата подготвени“ посочи Маричиќ додавајќи дека Владата ќе ги искористи сите ресурси а на располагање стојат и механизмите на ЕУ за помош во време на светска економска криза.

извор: СДСМ

фото: PRTSC