Бразил со денови се бори со обилни дождови и поплави во кои досега загинаа четириесетина лица, а многу други се водат како исчезнати.
Силниот дожд доведе до поплави и лизгање на земјиштето во државата Рио Гранде до Сул. Во услови на постојан дожд, итните служби користат чамци и авиони во потрагата по исчезнати луѓе.
Зголемувањето на нивото на водата во Рио Гранде до Сул ги оптоварува браните, а гувернерот Едуардо Леите предупреди на невидена катастрофа во градот Порто Алегре, кој има 1,5 милиони жители. „Заборавете на се што сте виделе досега, ќе биде многу полошо во градското подрачје“, изјави тој.
DW