(ФОТО) Новак и Јелена Ѓоковиќ во скалдна модна комбинација

Jелена и Новак Ѓоковиќ во вторникот го посетија Саемот за образование и штандот на Министерството за образование, наука и технолошки развој, а нивниот изглед ги воодушеви присутните на овој настан.

Двојката беше одлично расположена и подготвена за дружење и муабет, а во фокусот беше фантастичното модно издание на г-ѓа Ѓоковиќ.

Стилот на Јелена често предизвикува дебати – додека дел од јавноста смета дека таа е брилијантно стилизирана, секогаш скромно и ненаметливо, некои тврдат дека ѝ недостига иновативност и креативност во стилот.

Како и да мислите, Јелена вчера се појави во совршена облека, едноставна, елегантна и софистицирана. Изгледа дека е верна на деловниот стил во важните прилики, па така беше и овој пат – и навистина не погреши.

Избрала сиво здолниште со молив крој и миди должина, кое е украсено со дупли сребрени копчиња, а го комплетирала со едноставна, светло сина кошула.
Изданието го збогати со интересен, скап накит – рачен часовник со црно кожено ременче, низа нараквици и комплет ланчиња и обетки со светкави цветови.

Сепак, најмногу ни се допаднаа нејзините чевли – чевли во боја на кожа, со отворена и помала потпетица, многу префинети и лесни за комбинирање, а визуелно ја издолжуваат ногата.

zenskimagazin.mk