(ФОТО) Откриена бесправна сеча на огревно дрво

На ден 27 април 2023 год. во спроведена акција од страна на шумочуварската служба од Подружница Галичица од Охрид, во Шумско стопанската единица Врбјанска шума, оддел 19, запленета е поголема количина дабово огревно дрво.
Запленетата количина на дабовото огревно дрво е транспортирана до складот на подружница Галичица.
Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.