Нашите луѓе – каде и да се во светот – остануваат срцето на Река 
Време е да се обединиме, да ја слушнеме визијата за развој на Општина Маврово и Ростуше, и заедно да изградиме иднина во која секој реканец ќе може гордо да каже:
„И јас придонесов за мојот роден крај!“ 
Ова не е само средба – ова е почеток на ново поглавје.
Поглавје во кое дијаспората, локалната заедница и визијата за модерна, економски силна и убава Река ќе одат рака под рака.



