Хакери открија лични податоци на над 200 милиони корисници на Твитер

Хакери украле лични податоци на над 200 милиони корисници на Твитер и ги споделиле, меѓу кои и е-мејлови и телефонски броеви, на веб-страница за хакирање, јавува Агенција Анадолија (АА).

Инцидентот „за жал, ќе доведе до многу хакирање, таргетиран фишинг и доксинг“, изјави Алан Гал, коосновач на израелската компанија за мониторинг на кибербезбедноста, „Хадсон рок“.

Опишувајќи го инцидентот како „едно од најголемите протекувања“ што ги видел во целиот свој живот, Гал прво го објави на страницата за социјално вмрежување фокусирана на бизнисот Линкедин на 24 декември.

Фотографии од хакерскиот форум, на којшто податоците се појавија во средата и проциркулираа на интернет.

Твитер не одговори на ниту една објава во која се споменува протекувањето на податоците, ниту го коментира извештајот споделен од безбедносниот истражувач.

Не е познато дали платформата за социјални медиуми презела одредени чекори за да го истражи или да се справи со проблемот.

Идентитетот на оние кои стојат зад хакирањето, како и други детали, сè уште не се познати.

Можно е тоа да се случило уште во 2021 година, многу пред милионерот Илон Маск да ја преземе компанијата во октомври 2022 преку договор вреден 44 милијарди долари, кој беше проследен со контроверзии и превирања.

Тврдењата за големината и обемот на протечените податоци варираат, а се тврди дека биле украдени 400 милиони и-мејл адреси и телефонски броеви.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).