Царицата, онаа која цел живот му беше морална подршка на царот, жената која не научи на мудрост, добрина и правдина преку нејзините сценарија, а потоа и преку глумата во истите (приказните), денес полни 76 години живот!
Шенка Колозова е родена на 1.2.1947 година во Добрево, Пробиштип.
Таа е ќерка на Стоица и Катерина Станојкови, водечка фамилија во Пробиштипската рударска околија, израсната крај Лесновски манастир. Дедо и Санде (Александар) бил мистик, близок до манастирот.
Има дипломирано југословенски јазици и книжевност и има снимено над 300 радио драми. Бројни се нејзините улоги и награди во театрите ширум Македонија. Најпрво во штипскиот, во кумановскиот па потоа во Македонскиот народен театар во Скопје. Подоцна со нејзиниот сопруг основаат свој сопствен патувачки театар, со кој присуствувале од најурбани до најдалечи и најнедопирливи села ширум нашата земја, носејќи им на децата радост преку нивните претстави.
Шенка, не задолжи како нација затоа што малкумина знаат дека токму таа се крие зад напишаните реплики и зборови во приказните. Таа ги напиша следните 100 сценарија за приказните, по оние првите 100 на сценаристот и уредник – Димитрија Павловски Денки.
Шенка Колозова, беше една година постара од својот сопруг Ѓорѓи (кој на огромна жалост го изгубивме) и во бракот со него изродиа две ќерки, Катарина и Кристина…од кои пак си добија и неколку внучиња/наследници.
Денес Шенка ужива во своите заслужени пензионерски денови, преку нашата страница се навраќа на младоста, на целиот свој работен век, на она што го создала, сработила и оставила за следните генерации во аманет.