Денеска имав чест да се обратам на 4-от Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство кој се одржува денес и утре во Охрид. Конгресот е посветен на прерано починатиот наш сограѓанин и нуркач Дејан Костојчиноски.
Драго ми е што конгресот прераснa во една традиција на годишни среќавања на сите нуркачи од Македонија, без разлика на кој клуб, на која асоцијација припаѓаат или самостојно нуркаат и го промовира македонското нуркање насекаде низ светот, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.


