Четврток и петок, 25/26 јуни повторно ни носат попладневен пороен дожд и грмежи

Нестабилноста  и циклонската активност со центар над Турција која ја зафати територијата на Македонија во изминатите два дена и донесе посилно невреме на повеќе места кај нас полека слабее и нестабилноста кај нас полека се намалува.

Сепак и овие два дена, четврток и петок 25/26 јуни, по сончевото и топло претпладне, сепак во попладневните часови ќе се развиваат локални конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со град.

И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе има услови за послаба краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Останува топло времето со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени, а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 35 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk