Четири лица се лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 13.06.2026 во 16:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека С.К. од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка.
На 13.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека на 13.06.2026 околу 18:00 часот, Б.З.(36) од скопско, партнер на неговата сопруга, со која подолг период не живеат заедно, упатувал закани на неа, него и неговото семејство. Според пријавеното, Б.З. и во изминатиот период упатувал закани и објавувал компромитирачки содржини на социјална мрежа од неговата се уште законска сопруга.
На 13.06.2026 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата 21-годишна ќерка, а притоа им упатувал и закани на неа и нејзиниот партнер.
На 13.06.2026 во 12:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(44) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:55 часот во семејната куќа, по кратка расправија, се заканувал на неговата 37 – годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од малолетната ќерка. Според пријавеното, лицето подолг период врши психичко малтретирање на сопругата. Тој е задржан во полициска станица.
На 13.06.2026 во 23:20 часот во ОВР Гостивар, И.Т.(70) од гостиварско село пријавила дека околу 18:30 часот во дворот од семејната куќа, нејзиниот син М.Т. упатил на неа и на неговиот брат поради нерасчистени судски спорови околу семејниот имот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.06.2026 во 13:30 часот во село во општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода С.М.(45) од Виница, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 41-годишен брат дека подолг временски период пријавениот во семејниот дом во селото психички и физички ги малтретирал него и нивниот татко, а притоа им упатувал ѝ закани. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево.
На 13.06.2026 во 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го приведоа Г.Ф.(55) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом упатувал закани на неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, во временски период од месец март 2021 па се до денот на пријавата, таа била психички малтретирана од нејзиниот сопруг. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.