Пожарот на планината Готен ќе го гаси чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, што вчера попладне пристигна на скопксиот аеродром. Се очекува денеска да се вклучи во гаснење на пожарот од беровската страна, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Утрово се одржа брифинг со старешини на Воздухопловен ВИНГ и екипата што го управува хеликоптерот, при што се запознаа со карактеристиките на теренот и пожарот на планината Готен.
„Најпогоден извор за полнење вода е вештачкото езеро Турија, што е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот“, рече Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.
Инаку и конвој од 61 пожарникар од Словенија со 18 возила од утрово се пристигнати во Северна Македонија. Меѓу нив, има и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари.
slobodnaevrops.mk




