Во шумската област на Света Гора утринава избувна пожар во месноста на манастирот Велика Лавра и веднаш е започната акција за гаснење.
„Катимерини“ пишува дека во акцијата учествуваат четворица Канаѓани и еден хеликоптер. Дополнително, во борбата со пожарот вклучени се единаесет противпожарни возила со 43 пожарникари. Во тоа подрачје дува силен ветер.
Во изјава за телевизијата СКАИ, локален функционер изјави дека пожарот гори во непристапна област во јужниот регион на Света Гора, нагласувајќи дека не е блиску до згради.
Тој потврди и дека манастирот не е загрозен, пренесува Прототема.